Како последица од НИТУ ЕДНА исплатена рата од студентските стипендии за учебната 2023/2024 година од страна на Министерството за образование и наука најавуваме ПРОТЕСТ пред МОН во ПОНЕДЕЛНИК од 12:00 часот.
И покрај лажните ветувања и скапиот ПР на министерот Јетон Шакири ниту едно ветување не е остварено. Студентот е доведен до мизерна положба во општеството и она што го следува со право на закон кадарот на ДУИ директно им ги крати истите права.

И покрај предупредувачките соопштенија за протест, МОН нема слух па како резултат на тоа време е секој студент да излезе на улица и да ги побара своите права!
Се гледаме во понеделник (05.02.2024) пред МОН!