Филипинските власти наредија евакуација на осум илјади жители и откажани се сите летови кон главниот град Манила, откако вулканот Таал во неделата почна да исфрла пепел и се почувтствувале треперења на почвата.
Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија го зголеми нивото на безбедноста поради вулканот Таал на „нивото три“ кое упатува на можноста од „опасна епрупција во текот на неколку седмици“. Највисокот ниво е „нивото пет“, кога веќе се одвива магматска ерупција.
Институтот препорача ерупција на населението во областа на вулканот Таал и две блиски „високоризични“ области во покраината Бантагас, и предупреди на „можно вулканско цунами“.
Од Бирото за управување со итни ситуации за медиумите соопштиле дека се загрозени олоу 8.000 жители, а евакуацијата веќе започнала.
Челникот на Институтот, Ренато Солудум, им советувал на заедниците околу езерото Таал да преземат мерки на предострожност, бидејќи е можно загадување на езертото Таал поради вулканската активност.
Во провинцијата Кавити училиштата во понеделник нема да работата, а се апелира до жителите да не излегуваат од домовите. Експлозијата и исфрлаењето на пепелта можеле да се видат и од блискиот град Тагајатај, популарно туристичко место.