Масовна гробница откриена во последното упориште на ИД во Сирија

Во Сирија е пронајдена нова масовна гробница со останките на десетици луѓе, за кои постои мислење дека се језиди кои ги заробила ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (ИД), соопшти во четвртокот претставник на арапско-курдската коалиција Сириски демократски сили (SDF).

Многу телата кои се пронајдени на подрачјето на Багуз, селото коешто неодмна беше ослободено од контролата на Исламската држава, биле женски и на повеќето им биле отсечени главите, рекол командантот на SDF, Аднан Афри.

Сега се прават напори да се потврди дали станува збор за припадници етничко-конфесионалната заедница Језиди, кои Исламската држава ги смета за отпадници од верата и неверници, а која претежно живее во Ирак.

Џихадистите од 2014 година кога во ненадејната офанзива освоија големи територии од Ирак и Сирија на кои ги прогласија својот „калифат“, припадничките на Језидите ги натераа во сексуално ропство, а масовно го егзекутираа мажите, па дури и децата. Убиени се повеќе од 3.000 језидски жени, што според Обединетите нации претставува геноцид. САД го наведоа ова како една од причините за нивните воздушни удари врз Исламската држава започнати една година подоцна.

Илјаднции Језиди беа натерани да ги напуштат домовите и сѐ уште живеат како беглаци.

SDF, кои се поддржани од САД, велат дека се обиделе да евакуираат илјадници цивили од Багуз пред почетокот на нападот. Преостанатите џихадисти се предале, а станува збор главно за странски борци. Претходно беше соопштено дека биле ослободени 24 борци на SDF кој во селот ги држела Исламската држава.