На 20 августво 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 17.40 часот во Аква паркот при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.И.(22), Н.Б.(23), и Б.Н.(23), сите од Скопје, од една страна и Г.Р.(21), Р.Ш.(25), А.С.(19), Р.З.(19), Е.М.(19), С.К.(20) и Л.Ш.(21) сите од Скопје, од друга страна.
Лицата биле приведени во Полициската станица Карпош и сочинети се записници за констатиран прекршок член 11 став од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.