Десетици илјади луѓе протестираат во саботата во талјандската престолнина Бангкок против владата на премиерот Прајат Чаноча повикувајќи на нови избори и реформи во земјата во која на сила е законот со кој кривично се гони поради критика и непочитување на кралското семејство.
Неколку илјади демонстранти се собрале пред затворените капии на кампусот Тамасат во Бангкок, откако управата на универзитетот најави дека нема да го дозволи нивното собирање таму. Во меѓувреме портите биле отворени, откако пристигнале организаторите на протестот.
„Денеска објавуваме почеток на победата на луѓето и демократијата. Се надевам дека луѓето на власт ќе ја видат бројноста на овие луѓе. Се бориме монархијата да ја ставиме на вистинското место, не да ја укинеме“, изјавил за новинарите водачот на протестот Панупонг Џаднок.
Демонстрантите, кои според процените на медиумите ги имало околу 20.000, најавиле дека имаат намера ноќта да ја минат под отворено небо, и оти во недела наутро ќе се упатат кон владината зграда.
Тајландскиопт крал Маха не е во татковината и многу време минува во Европа, откако во 2016 година го наследи покојниот татко. Кралската палата не била достапна за коментар за протестите.
„Луѓето може да протестираат, но мора тоа да го прават мирно и според законот“, изјавил за Reuters портпаролот на владата во Бангкок, Ануча Бурапашасри.
Годишнина од пучот
Во сабота 19-ти септември се навршува годишницата од воениот преврат изведен во 2006 година, против тогашниот премиер Таксин Шинаватра кој имаше широка поддшка, а кој подоцна мораше да замине во егзил. Поради тоа, денеска многу од демонстрантите носеа црвени кошули кои беа симбол на неговите приврзаници, а тогаш се судираа со „жолтокошулашите“, приврзаниците на политичкиот и воен естаблишмент.
„Тука сум за иднината на своите деца и внуци. Се надевам дека до мојата смрт тие ќе станат слободни“, изјавила 68-годишната Тасаван Суебатаи.
Тајландскито воен врв тврди дека е бранител на монархијата и стабилноста на нацијата, а неколкупати досега армијата ги задушуваа протестите откако во 1932 година е укината апсолутната монархија, а изведе уште 13 неуспешни државни удари.
Премиерот Прајат најави дека владата ќе ги дозволи протестите, но дека барањата за реформа на монархијата не се прифатливи. Демонстрантите бараат укинување на законот за неповредливост на кралот и намалување на кралските уставни овластувања над армијата.
Последен пат вакво масовно собирање на Тајланѓаните во Бангкок на плоштадот Санам Луанг, кој зафаќа околу 120.000 квадратни метри, имаше при оплакувањето на покојниот крал Бумибол Адлјадеј кого го обожуваше нацијата до 70 милиони жители.
Агенцијата DPA пренесува дека демонстрантите бараат оставка од владата на премиерот Прајат Чаноча, поранешен воен командант, кој ја води земјата откако со пучот во 2014 година ја собори од власт избраната влада.
Владата на Прајат воведе нови закони за кои критичарите велат дека ја поткопуваат демократијата во Тајланд, а кои му помогнаа повторно да биде избран за премиер на изборите во март 2019 година.
Лидерот на демонстрантите порача дека за протестите во текот на викендот ќе бидат поставени повеќе бини низ Бангкок. Автомобилите со разгласната опрема, пак, полицијата ги запирала во саботата. „Се чини дека тие прават сѐ што можат за да нѐ попречат“, изјави Панупонг.
Полицискиот портпарол Крисана Патаначероен изјавил дека се распоредени 10.000 полицајци и додал дека не им е наредено да носат оружје.