Хрватскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Матео Ковачиќ е убеден дека клупските челници ќе напрват голема грешка доколку на стартот од летниот преоден рок не испратат официјална понуда за репрезентативецот на БиХ од редовите на Манчестер Сити, Един Џеко.
„Интер има потреба од фудбалер кој е светска класа. Според мене, Интер мора да испрати понуда за Един Џеко. Технички е доволно квалитетен, доволно е силен, постигнува погодоци и со левата и со десната нога. Опасен е при нафрлувањата, а секогаш им помага и на играчите од средниот ред и на тие од дефанзивната линија. Станува збор за тимски фудбалет, кој поседува и индивидуални квалитети”, изјави Ковачиќ.
Големата желба на малдиот играч за врска може да стане реалност само доколку челниците на Интер испратат официјална понуда не помала од 20 мил. фунти.