Маж на Флорида бил усмртен од голем казуар, птица којашто не може да лета а потекнува од Австралија и Нова Гвинеа, а се смета и за најопасната птица на светот, објавија локалните медиуми.
Сопственикот на птицата, позната и како австралиски или јужен казуар, во петокот на својата фарма паднал во близина на оваа птица со големите канџи пред да го нападне, рекле од противпожарната служба на округот Алачу за весникот Gainesville Sun. Бил пренесен во болница каде што подоцна починал, според весникот.
Големиот казуар е близок сродник на австралискот ему, и е втората најтешка птица на светот по нојот. Јужниот голем казуар може да биде висок до 1,7 метри.
Според зоолошката градина во Сан Диего, големиот казуар „оправдано се смета за најопасната птица на светот“. „Секое стапало со три прста има канџа како бодеж на внатрешниот палец која е долга дури до 10 сантиметри. Големиот казуар може да го распори секој плен или потенцијална закана со еден брз удар“, се наведува на интернет страницата на зоолошката градина.
Управата за диви животни соопшти дека мажот одлгедувал големи казуари коишто ги купуваат колекционерите на егзотични птици.