Скопјанец пријавил во полицијата во петокот оти пронашол мртов маж во стан во Скопје, информира полицијата.
Според информации на МВР, вчера во 13:56 часот во СВР Скопје, Д.Б. пријавил дека во стан на улицата „Никола Киров Мајски“ во Скопје го пронашол починат без траги на насилство 44-годишниот З.С., кој живеел сам во станот на неговата сестра.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.