Маж од Албанија почина при сеча на шума во охридско

Трисетгодишен албански државјанин починал во средата ранот попладнето, откако му се слошило при сеча на шума во охридско, соопшти во четвртокот СВР Охрид.

На 12.06.2019 година во 17.15 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во атарот на селото Вапила, охридско, при сеча на шума, на место викано „Бел Камен“, на 32-годишпниот Н.Х.  од Република Албанија, со привремен престој во Охрид, околу 16.30 часот му се слошило, по што починал.

Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинитеч телото на починатиот било предадено за обдукција.