Маж се заканувал со бомба пред српскиот Парламент

Вооружен маж со пиштол и бомба се заканувал дека ќе се разнесе пред зградата на Парламентот на Србија, денеска околу 13 часот. По еден час разговори со полицијата тој се предал.

Според српските медиуми станува збор за  63-годишен маж е поранешен припадник на српската армија.