Маж со метална шипка и нож повредил седум лица во Париз

Во недела вечер во едно предградие на францускиот главен град Париз, се случил напад на маж во кој биле повредени седум лица, од кои четири потешко, јавува тамошната полиција.

Напаѓачот е приведен, а според првичните информаци истанува збор за маж од Авганистан. Нападот се случил околу 23 часот во неделата во североисточниот дел од Париз, а напаѓачот најпрво со нож избодел двајца мажи и една жена.

Луѓето кои биле во близина се обиделе да го спречат напаѓачот, при што овој успеал да побегне, но потоа во една споредна уличка продолжил со нападите, при што ранил двајца туристи од Британија.