Маж ќе одговара за „изнуда“, бидејќи со закани барал да му исплатат наводен долг

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Н.(42) од струшкото село Велешта поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Тој, во периодот февруари-мај 2023 година, на лице од струшкото село Франгово, во повеќе наврати му се јавувал на мобилен телефон и му упатувал пораки со закани барајќи му исплата на наводен долг.