Во несреќен случај од пожар загина 63-годишен прилепчанец кој палел стрниште на својата нива. При палењето тој бил зафатен од пожарот и починал на местото на несреќата.
Итната помош само констатирала смрт и нема да се изврши обдукција зашто нема траги на насилство.
Како што информира основниот јавен обвинител Стевчо Биноски, несреќата се случила околу 13 часот.
-Прилепчанецот запалил стрниште на својата нива во месноста викана Поводенци кај Прилеп. Пожарот излегол од контрола, ги зафатил и другите ниви, но и 63-годишниот прилепчанец со иницијали С.Д. Тој загинал на местото на несреќата. Екипата на итната помош само констатирала смрт. Противпожарната единица од Прилеп го изгасна пожарот, рече Биноски.