Маж уби тројца па се самоуби во Португалија

Маж во неделата убил три лица и потоа извршил самоубиство во португалскиот град Сетубал, околу 45 километри јужно од главниот град Лисабон, објави CNN Portugal.

Полицискиот началник Жоао Фреира изјавил за Reuters дека пронајдени се четири тела „по веројатна престрелка чии причини како ниту поединости не се познати“.

Додал дека на местото на злосторството сѐ уште работат припадници на полицискиот оддел за крвни деликти.

Телевизијата CNN Portugal објави дека пукањето се случило околу 8 часот утрото по локално време во сиромашното предградие Баиро Азул на Сетубал, додека напаѓачот извршил самоубиство кога пристигнале полицајците.