Во саботата во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода Б.И.(55), Х.И.(64), Ј.И.(20), М.Р.(34), Б.Е.(51), Ш.И.(25), М.С.(24) и Ј.С.(31), сите од гостиварско, затоа што околу 00.45 часот истиот ден на булеварот ,,Браќа Ѓиноски” во Гостивар учествувале во физичка пресметка.
Имено, по претходна расправија поради нерасчистени меѓусемејни односи помеѓу Б.И., Х.И. и Ј.И., сите од гостиварско Здуње, од една страна и Р.С.(52), Б.Е., М.С. и Ј.С., сите од Гостивар, од друга страна, дошло до физичка пресметка во која Б.И. употребил остар предмет и му нанел убодна рана на Р.С.
Повреденото лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде ѝ подлегнал на повредата.
За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а Б.И. е изведен пред Судија на претходна постапка и против него ќе биде поднесена кривична пријава.