Возач загина забивајќи се со автомобил во портите на руската амбасада во романската престолнина Букурешт во средата утроото, објави локалната полиција.
На снимка направена пред доаѓањето на противпожарната екипа се гледа како гори преден дел од автомобиликот кој останал забиен во портата.
Но нејасно е дали забивањето е несреќен случај или бил чин со умисла. Минатата седмица повеќе руски амбасади во Европа беа цел на вандалски напади за кои изговор не руската офанзива во Украина. Романската полиција соопшти дека отворила истрага и не го објави идентитетот на возачот.
Романија во вторникот соопшти дека ќе протера 10 руски дипломати коишто наводно не делувале „во согласност со меѓународните правила“, всушност следејќи ги другите земји од Европската унија кои такви чекори преземаа последните денови и се заканува со целосно прекунување на дипломатските односи со Москлва.
Речиси 624.860 жители на Украина пребегале во Романија по почетокот на војната на 24-ти февраури, а околи 80.000 сѐ уште се во Романија.