Мажите не се така едноставни, откријте ги нивните точки на возбуда

Иако често знаеме да кажеме дека мажите се прилично едноставни кога станува збор за врските и сексот и дека „е јасно“ што сакаат во кревет, воопшто не е така.

Ако сакате вашиот партнер да биде целосно задоволен, откријте ги неговите тајни и несигурности, а со тоа и неговите точки на возбуда.

Се плашат да не ве разочараат

Можеби за мажите важи дека сакаат да се фалат со своите сексуални „освојувања“, кога мажот е во врска со жена во која е заљубен не само што не зборува со други за сексот со неа, туку и чувствува страв дека таа не е сексуално задоволена и дека не ѝ пружа сѐ што ѝ треба.

Сакаат потврда

Плус, мажите знаат дека жените со пријателките споделуваат интимни работи до најситни детали, па тоа само им го зголемува притисокот да се покажат во кревет. Затоа, охрабрете го вашиот партнер и покажете му дека неговиот труд не е залуден. Ако нешто не прави како што треба, кажете му на убав и позитивен начин. Не се срамете да покажете дека уживате, тоа смао ќе ги разгори страстите, па зборови и нема да бидат многу потребни.

Изгледот им е важен

И не зборуваме за вашиот, туку за нивниот. И мажите се грижат како изгледаат, дали се премалку или премногу влакнести, дали имаат стомаче, дали се доволно „надарени“… И самите знаете како делува искрен комплимент – возвратете го!

Брадавиците не се забранета зона

Ако мислите дека само жените се особено чувствителни на допир на градите, се лажете. Машките брадавици исто така се возбудлива ерогена зона, па следниот пат видете како вашиот партнер ќе реагира на допир со прсти или јазик. Секако, прочитајте ја ситуацијата. Можеби баш нему тоа не му се допаѓа, па истражете која е неговата тајна точка на возбуда.