Отсекогаш било предмет на интерес прашањето како мажите ја замислуваат идеалната жена со која би се ожениле.
Главната дилема најчесто оди во две екстреми, дали е подобро да биде интелигентна или убава?
Секако, идеално би било кога овие две точки би се споиле, но најновите истражувања покажуваат дека интелигенцијата на жените има влијание и врз животниот век на нејзиниот партнер.
Односно, мажите кои се ожениле со интелигентни жени, имаат повеќе шанси да дочекаат подлабока старост, но и да не заболат од болести како деменција или Алцхајмер.
Во едно истражување врз идентични близнаци, било откриено дека околината во која личноста живее, има огромен ефект врз нејзините интелектуални способности.
Интелектуалните разговори и игри кои би ги имале со интелигентен партнер, постојано ќе го држат вашиот мозок буден и на тој начин значително ги намалувате шансите за појава на деменција.
Лоренс Вели, почесен професор за ментално здравје на Факултетот за медицина и животни науки, при Универзитетот во Абердан, вели: „Она што треба да го направи едно момче за да живее подолго е да се ожени со интелигентна жена. Не постои подобар лек за деменцијата од интелигентен човек до вас.“
Девојките кои поседуваат висок степен на интелигенција, прераснуваат во одговорни и независни личности.
Момчињата пак, кои исто така може да се пофалат со оваа карактеристика, создаваат многу поздрави врски со жените, но и многу позадоволителна семејна атмосфера за нивните сопруги и деца.
Сепак, сè уште постои идејата дека женската убавина е нешто кое е поважно од интелигенцијата.
Можеби, токму ова истражување ќе ги натера мажите да размислат и да сфатат дека убавината е нешто минливо, а интелигенцијата нешто кое останува засекогаш.