Фудбалерите на Парис Сен Жермен, благодарејќи на одличната изведба на младиот репрезентативен напаѓач забележаа убедлива победа од 4:1 над Барселона на нејзиниот „Камп Ноу“, во првиот натпревара од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Барселона добро се држеше во првиот дел, но грешките во одбраната особено во вториот дел кога домашните целосно ги загубија конците, придонесоа Каталонците речиси да ги загубат сите изгледи за пласман натаму.
Барса поведе во 27 минута од пеналот што го реализираше Лионел Меси, но веќе во 32 минута ПСЖ дојде од израмнување, а стрелец беше Килиан Мбапе. Во 65 минута истиот играч ги доведе гостите во резултатски пресврт, а за 3:1 со глава во 70 минута погодок постигна 20-годишниот италијански црномурест напаѓач Мојс Кин, а во 85 минута Мбапе ја заврши одличната претстава.
Иако во првото полувреме домашните делуваа рамноправно а на моменти беа и поопасни по противничкиот гол, Барселона го доживеа и вториот последователен пораз во Лигата на шампионите, кој се чини за разлија од претходниот на домашен терен од Јувентис во последното коло од групната фаза, веројатно ќе ја чини елиинација пред четврфиналето, што на Каталонците не им се случило уште од 2007 година.
Во 27 минута Курзава во својот шеснаесетник невнимателно го собори Де Јонг во ситуација која не беше опасна, а арбитарот Бјорн Кујперс без двоумење покажа на белата точка. Лео Меси во својот 31-ви натпревар во нокаут-фазата од Лигата на шампионите го постигна 28-от погодок. Две минути подоцна Меси подготви одлична шанса за Дмебеле, но овој од 15 метри шутираше млако и непрецизно. Порозноста на одбрана на Барселона во 32 минута ја искористи Мбапе, кој на мал простор во домашниот шеснаесетник и од пет метри ја закова топката крај немоќниот Марк Тер Штеген.
До крајот на првото полувреме за Барселона најдобрата шанса ја имаше Антоан Гризман, но неговиот удар од работ на казнениот простор беше непрецизен. Од друга страна, и ПСЖ можеше да дојде до вториот погодок, кога Мауро Икарди шутираше од блиску со глава, но беше непрецизен и топката мина крај стативата,
Но во вториот дел тимот на Маурисио Покетино ги реализираше сите шанси кои му ги дозволи домаќинот. Во 65 минута по десната страна ПСЖ изведе добра акција, по која Флоренци нафрли во шеснаестникот што не успеа да го расчисти Жерар Пике кој се врати по паузата во екипата, но затоа идеално го послужи Мбапе кој од десет метри ја испрати топката во домашната мрежа. Веќе по пет минути од слободен удар од левата страна нафрли Паредес, топката го прелета Ленгле и падна на главата на Кин кој го совлада повторно неоќниот Тер Штеген, кој претходно успеа на неколкупати да ја сочува мрежата. Во 85 минута ПСЖ изведе брз контранапад, кога Барса се обидуваше да дојде до гол за каква-таква надеж. Јулијнан Дрекслер, кој влезе во вториот дел, долго ја влечеше топката и идеално го проигра Мбапе на левата страна во шеснаесетникот кој веднаш шутираше во спротивниот агол за својот „хет-трик“ и конечните 4:1.
На некој начин ова беше одмазда на ПСЖ за чудесната победа од 6:1 на Барска од 2017-та со која го елиминираше во ослминафинелето, откако првиот меч во Париз го доби со 4:0.
Сега, имајќи предвид дека на 10-ти март на „Паркот на пронцовите“ ПСЖ ќе игра можеби и комплетен, вечерва недостасуваа во прв ред Анхел Ди Марија и Нејмар, и уште повеќе формата на каталонскиот тим, тешко е да се верува во поинаков исход освен пласман на „Светците“ во четвртфиналето.