Мбапе против полициското насилство по убиството на тинејџерот во Париз (ВИДЕО)

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе имаше емотивна порака на социјалните мрежи по нередите во Париз откако 17-годишен тинејџер со алжирско потекло беше застреланод полицијата.

Полицаецот е под истрага за убиство, откако лажел во истрагата, тврдејќи дека тинејџерот, познат како Наел М., не сопрел со својот автомобил во предградието Нантер. Но, снимките на социјалните мрежи покажуваат како двајца полицајци стојат покрај застанат Мерцедес, а еден од нив вперува пиштол во возачот и порачува: „Ќе добиеш куршум во главата“.

„Жал ми е за мојата Франција. Ова е неприфатлива ситуација. Сите мисли се кон семејството на Наел и неговите сакани, тој е мал ангел кој беше одземен предвреме“, напиша Мбапе.

Убиството предизвика хаос во неколку предградија на Париз, со борби со полицијата, превртени автомобили и десетина уапсени тинејџери.

https://twitter.com/MetroUK/status/1673991056830889984?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1673999319781744641%7Ctwgr%5Eba2f076a68ff5b107e4b440251fbdbb64a9cff4c%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fmbape-protiv-politsiskoto-nasilstvo-po-ubistvoto-na-tinejdherot-vo-pariz-video%2F