Актуелниот шампион и моментално водечки во француското првенство во саботата на својот „Парк на принцовите“ немаше тешка задача против Ним во рамките на 26-то коло, а двоен стрелец беше Килиан Мбапе, кој стана најмладиот во историјата на Ле шампионат кој постигнал повеќе од 50 голови.
Мбапе беше прецизен во 69 и 88 минута, а водството на ПСЖ го донесе во 40 минута Кристофер Нкунку. Тоа беа 50-от и 51-от гол за Килиан Мбапе со што ја надмина симболичната граница од 50 погодоци со само навршени 20 години. Претходно тоа му појде од нога на легендарниот Јаник Стопира во 1982 година, кога имаше 21 година. Воедно младата француска ѕведа е на чело на листата на стрелците со 22 погодока сезонава во националното превенство.
ПСЖ е неприкосновен на врвот со 68 бодови, дури 17 повеќе од второпласираниот Лил кој има и натпревар повеќе. Ним моментално е 11-ти со 36 бодови.
Амјен со голот на Серу Жуирасу во 11 минута ја совлада Ница и дојде на 16-то место со 24 бодови, четири повеќе од местото кое води во квалификациите за опстаник во лигата. Ница, пак, е деветта со 37 бодови.
Последниот Гинган пред своите навивачи во втората минута од судиското продолжение со голот на Лука Дуз дојде до три бода во обидот да го сочува прволигашкиот статис, и сега има 18 бодови, четири помалку од местот кое обезбедува опстанок. Победениот Анжер моментално е 12-ти со 36 бодови.
Во петокот Дижон со 0:1 дома беше поразен од Сен Етјен, а Стразбур и Лил ремизираа со резултат 1:1.
Во недела на програмата се дуелите Нант – Бордо, Тулуз – Каен, Монпелје – Ремс, Рен – Марсеј и Монако – Лион.