Меџити денеска ќе ги објасни причините за смената на доктор Јовев

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска треба да ги објасни причините за смената на докторото Сашко Јовев.

Меџити предупреди дека нема да дозволи нерегуларности и неработење од страна на директорите на клиниките. Најави дека ќе има и други смени.

„За секој што ќе згреши пред здравствените закони, ќе има одговорност, бескомпромисно. Ова здравство не функционира, јас сум автокритичен. Вложивме многу труд и напор, правиме сѐ за да ги подобриме условите“, вели министерот Меџити.