За Изет Меџити, иако не е лидер на политичка партија, граѓаните имаат најпозитивно мислење, а најголем дел од ниве се изјасниле негативно за првиот вицепремиер Артан Груби, поточно околу 60 отсто. Ова го потврдува истражувањето спроведено во втората половина на февруари годинава од ТВ АлсатМ. Меџити е рангиран во групата политички лидери со поддршка од 43,5 отсто, а пред него се само Али Ахмети со 48,9 отсто и Арбен Таравари со 46 отсто. Иако Меџити ја ужива оваа поддршка, а не е лидер на партија, зад себе ги остава Билал Касами и Африм Гаши, објави АлсатМ телевизија.
„Испитаниците имаат попозитивно мислење за Али Ахмети (48,9%), Арбен Таравари (46%) и Изет Меџити (43,5%) а понегативно мислење имаат за Мендух Тачи (58,6%) и Артан Груби (58, 3%). Најмалку ги познаваат Башким Хасани и Кастриот Реџепи“.
За случувањата во ДУИ и поделбата на „Огнената група“, анкетираните го издвојуваат Меџити како најсоодветен претендент за иден политички лидер. 21,4 отсто од испитаниците сметаат дека Меџити може да биде лидер на политичка партија, а Муса Џафери, Невзат Бејта и Висар Ганиу имаат мала поддршка, односно под 10 отсто.
Во однос на битката во ДУИ, 30,5 отсто од испитаниците сметаат дека војната на „Огнената група“ е фер, додека околу 14 отсто оценуваат дека тоа е лична битка против првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.
„Огнената група“ води фер битка за реформи во ДУИ и реформи во државата (30,5%) Дека Се работи за нивно внатрепартиско прашање, небитно за државата оцениле (26,1%), а дека се води лична битка против Али Ахмети мислат 14% од исптаниците.
Анкетата е спроведена од 17 февруари до 5 март на терен, врз 1.065 граѓани Албанци, на возраст од 18 до 80 години.
Извор: Алсат