Пратеникот и потпретседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Изет Меџитит, потврди во вторникот дека има внатрешните судири во партијата, но разговорот кој во вторникот вечерта го имал со партискиот челник Али Ахмети вели дека ќа ја поддржи новата влада со СДСМ која ќе биде предложена од мандатарот Зоран Заев.
Меџити потврди и дека не се согласува со некои предлози на партијата за поделба на ресорите во новата влада, но дека ќе гласа за владата, изнесувајќи ги однапред своите забелешки.
Поранешниот градоначалник на скопската општина Чаир, исто така, рече дека нема да има промени во поделбата на министерствата и дека предлогот за новата влада ќе биде доставен до Собранието во текот на оваа седмица, пренесува Алсат.
Меџити, претходно настојуваше да предложи вицепремиер со што би се коригирала партиската листа на кандидати за министерските места, односно Бујар Османи во тој случај не би бил министер а на негово место во Министерството за надворешни работи би дошол Артан Груби.
Во понеделникот вечерта беше пренесена изјавата на Ахмети дека предлог-составот на министрите на ДУИ останува ист и непроменет, а како што додаде, нема нови имиња од неговата партија и покрај неколкуте барања кои ги имаше внатрешноста на партијата.