Меѓу 20-те најскапи клубови на светот се наоѓаат сите основачи на Суперлигата

Барселона и Реал Мадрид се најскапите фудбалски клубови на светот, објавија италијанските медиуми повикувајќи се на магазинот Forbes, а меѓу 20-те најскапи на светот се сите 12 клубови кои учествуваат во основањето на Суперлигата.

Основачи на новото континентално натпреварување се најтрофејните и најпрославени клубови во Европа: шпанските Реал Мадрид, Барселон и Атлетико Мадрид, потоа англиските Арсенал, Челзи, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, како и италиканските клубови Јувентус, Милан и Интер. Тие ги поканија француски Пари Сен Жермен и германските Баерн Минхен и Борусија Дортмунд да им се приклучат, но овие три клуба одбија.

И покрај пандемијата на коронавриусот, вредноста на овие фудбалски клубови пораснала во просек за 30 отсто во последните две години.

Список на 20 највредни фудбалски клубови во светот:

Барселона – 4,76 милијарди долари
Реал Мадрид – 4,75 милијарди долари
Баерн – 4,125 милијарди долари
Манчестер Јунајтед – 4,2 милијарди долари
Ливерпул – 4,1 милијарди долари
Манчестер Сити – 4 милијарди долари
Челзи – 3,2 милијарди долари
Арсенал – 2,8 милијарди долари
Пари Сен Жермен – 2,5 милијарди долари
Тотенхем – 2,3 милијарди долари
Јувентус – 1,95 милијарди долари
Борусија Дортмунд – 1,9 милијарди долари
Атлетико Мадрид – 1 милијарда долари
Интер – 743 милиони долари
Евертон – 658 милиони долари
Милан – 559 милиони долари
Рома – 548 милиони долари
Вест Хем – 508 милиони долари
Лестер Сити – 455 милиони долари
Ајакс – 413 милиони долари