
„Железната завеса“ се спушта меѓу Русија и Западот поради дипломатската криза без преседан предизвикана од украинската војна, изјави во четвртокот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Железната завеса, таа штотуку се спушти“, оцени Лавров на конференцијата за новинарите во Минск со белорускиот колега Владимир Макеи, алудирајќи на реченицата на британскиот воен премиер Винстон Черчил.
Лавров притоа го предупреди Западот да биде претпазлив, бидејќи „процесот е во тек“.
Според првиот руски дипломат, Европската унија „не покажува некаков интерес да ја разбере“ руската страна, а дека одлуките на Брисел ги диктира Вашингтон.
Лавров оцени дека тридневниот самите на НАТО одржан во Мадрид јасно покажал дека САД сакаат да ги „подреди сите држави на својата волја“.
Белорускиот министер додаде дека за „Железната завеса“ денес е одговорен токму самиот Запад со своите постапки кон Москва и Минск.