Деновиве мега образовен скандал се спомнуваат над 20 илјади невалидни дипломи на приватните и некои јавни универзитети во Косово ова го истакнуваат од косовскиот Национален центар за академско признавање и информации, како што извести Koha.
Причината за тоа е надминувањето на бројот на студенти на приватните и некои јавни колеџи над одлуките на Државниот совет за квалитет. А како што наведуваат, главната вина била во недостигот на матична книга во косовското Министерство за образование. Да бидам поконкретен за читателите, приватните и некои јавни колеџи, не ги донеле матичните книги или биле без лиценца или акредитирани за други програми, а се акредитирани за нешто друго, односно се запишувале без да бидат акредитирани студиските програми што е невалидно и криминално. Затоа, во косовската Агенција за акредитација истакнуваат (како што истакнува Koha) дека бројот на невалидни дипломи е аларманетен и дека одредувањето на квалитетот е во надлежност во косовското министерсво за образование. Но, наместо косовското министерство за образование да дејствува кога ќе се надминат квотите да се одземаат лиценците и да се проследи до Државниот совет за квалитет за автоматско повлекување на акредитацијата. Но та Но таму имало ситуација со надминување на квотите на приватните и јавните универзитети, каде што поранешни министри одлучувале за зголемување на бројот на студенти без почитување на квотите и дека нивните дипломи не се признати.
Оваа состојба во Косово со невалидни дипломи, е слична со невалидни или фалсификувани дипломи кои се откриваа во Македонија. Така што, Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, од истражувањето беше расадник за фалсификувани дипломи. Фалсификувани дипломи купени во Бугарија, Албанија и Косово. Да ја потсетиме македонската јавност, како пред неколку години во тетовското Селце „Универзитетски град“, се фалсификувале дипломи од ДУТ-Тетово се продавале „ на кило“ во тетовското село Селце. Каде што МВР во куќа открила мини-работилница во која се изработувале лажни дипломи. Најголемиот дел од дипломите го носеле називот на Факултет за медицински науки при Државниот универзитет Тетово, или како што се спомнува тетовскиот универзитет и крагуевачкиот од Република Србија. И тоа не по добро. Туку по разни докторати, плагијати-копирање на туѓи научни трудови кој се откриваат како што е случајот на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово, и тоа кај професорите Неџбедин Беадини, Шеќибе Беадини ( која е и кординатор на докторските студии), Абдулена Беадини, Емира Беџети, Мирлинд Беџети, Дестан Халиди, Екрем Исмани.
Од истражувачката сторија на публикацијата „Веритас“, каде се наведени примери на овие седум лица од наставен кадар на овој универзитет за чии научни трудови е утврдено дека се плагијат. Со други зборови, користеле туѓ интелектуален научен труд, преставувајќи го како свој. Исто така, на овој Медицинскиот факултет, поради настојување на деканот професор д-р Кастриот Хаџиреџа, да се стави крај на неправилностите и скандалите, ректорот на овој Универзитет професор д-р Вулнет Амети, бара од деканот да се „протуркаат“ 15 докторанти (има докторанти од Косово) со докторски плагијати, како и незаконски унапредувања во наставно-научни звања на некои лица кои не ги исполнуваат законските услови (научни трудови и докторат добиен од Универзитетот на Обединетите нации од областа здравствен менаџмент за унапредување во вонреден професор по максилофацијална хирургија). Откако го одбил тоа. Ректорот го суспендира од декан.
Ова е меѓународен скандал. За ваквиот чин ректорот треба да си поднесе неотповиклива оставка. Министерството за образование и наука (Мила Цароска), Владата (Зоран Заев), директорот за квалитет во високото образование (Агим Рушити), како и Одборот за акредитација (Владо Камбоски) и евалуација (Марина Митреска) наместо да реагираат на овој меѓународен скандал, тие се соучесници на ваквиот образовен скандал заедно со Државниот просветен инспекторат.
Нема контрола на сите универзитети јавни и приватни во РепубликаМакедонија. Се поставува прашањето: Зошто од Косово или Албанија доаѓаат да магистрираат или докторираат на македонските универзитети??? Зошто МВР молчи и не презема ништо, иако се доставени известувања до нив, како што е случајот со Струшкиот универзитет, каде што се вмешани високи функционери од власта, судии…??? Дали се крие образовниот криминал и корупција на нашите универзитети??. Ова што се случува, во македонските универзитети се стигна дното. Срам. Каде е одговорноста!!!
Кај нас во Македонија, се сака овој образовен скандал да се сокрие или забошоти, бидејќи има вмешаност на политички, и други високи личности. За разлика од нас во Србија, поконкретно образовниот скандал на Универзитетот во Крагуевац со „ албански македонски студенти“ кои докторирале на темата за независно Косово, не сопираат и ја разбрануваат високообразовната академска фела во рбија.
Дополнително срамотен и погубен дел на аферата „дипломи“ е факт да дел на „албански студенти“ од Косово и Метохија докторирале во Крагуевац, и тоа на ниеден акредитиран програм на Универзитетот во Крагуевац. Никогаш не бил запишан на докторските академски студии на економски науки. Исто така, ни на студии на кои секако на кои се, како на неговата диплома што стои, заедно го воделе Европскиот центар за мир и развој (ECPD) и Универзитетот Крагуевац. Такви студии никогаш не биле дозволени нити акредитирани.
По истиот шаблон, како што се сомнева, се обработени уште 15 дипломи на косовските Албанци. За сега дошле до комплетни дипломи издадени на име Сафет Хоџа, а другите се пронајдени во посебен фајл во комјутер на Универзитетот во форма припреми за печатење. Основано се сомнева да и тие печатени, потоа потпишани и издадени. Секако, без никаков правен основ, бидејќи Универзитетот во Крагуевац никогаш не ги запишал тие косовски Албанци, ниту ги поседуваат тие докторски дисертации ниту се наоѓаат на генералниот список на дисертации. Исто така во списанието Блиц се истакнува дека… „во процедура се 15 докторски дисертации за лица од подрачјето на Косово и Метохија и Македонија. За кои постои сомнеж дека стекнале дипломи на универзитетот во Крагуевац без уписи на предходни студиски програми и без дозвола за работа за нивно изведување“.
За нашиов балкански образовен криминал-дипломи, реагираат и Германците, кои најавуваат проверка на дипломите на Босна и Херцеговина (БиХ). Причината е фалсификувани дипломи, односно лажни дипломи на што голем број негователки и медицински сестри во Германија одделе токму од оваа земја, откритието и на порталот „Журнал“ во БиХ дигната е голема прашина не само во БиХ, туку и во Германија (dm.com/mk/германците-најавуваат-проверка-на -дипломите- од-бих/.
Ова е нашиот балкански лонец на образовни криминали. Ова се случува во хибридни криминални земји, како што е за жал и мојата Македонија!!!
Автор: Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес