Меѓународниот ден на Ромите 8 Април, неработен за припадниците на ромската заедница

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април (понеделник), е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница во Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.