![medicinska sestra so providen zastiten skafander](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/medicinska-sestra-so-providen-zastiten-skafander.png?resize=640%2C388&ssl=1)
Медицинска сестра од Русија, која неодамна беше предупредувана, па дури и ѝ се закани тужба затоа што на работа носеше провидно заштитно одело, сега има нова работа, пренесе „б92“.
Надја Жукова има 23 години и тврдеше дека не знаела колку ѝ е провидно заштитното одело, но кога ја фотографирал еден од пациентите, фотографијата наскоро го обиколи целиот свет.
Нејзините работодавци не беа воодушевени од оваа постапка, но, како и секогаш – кога едната врата се затвора, другата се отвора. Така, Надја неодамна ја имаше својата прва манекенска работа, а позираше за еден спортски бренд.
https://www.instagram.com/p/CBm1Q6FCfeb/?utm_source=ig_embed
„Не знам како фотографијата се рашири толку брзо на Интернет, иако знам кога е направена. Го видов тоа, се препознав и веднаш ги заклучив профилите на социјалните мрежи. Не сакав такво внимание“, рече таа во интервјуто за британски Sun.