Едноставна и вкусна салата со тестенини и туна, идеална за деновите во пост. Состојки: 250 грама тестенини без јајца, може и интегрални, 1 конзерва туна, 125 гр. растителен кашкавал, 4 неколку чери домати, 8 црни маслинки, 5 ливчиња босилек, сол, бибер.
Подготовка: Сварете ги тестенините, исцедете ги и измешајте ги со туната, па оставете малку да се изладат. Исечкајте ги кашкавалот, маслинките и босилекот, а чери доматите пресечете ги на половина и потоа измешајте со разладените тестенини и туната.
Додадете сол и бибер по желба. Ставете ја салатата во фрижидер еден час да се излади пред да ја сервирате.