Вечерва или најдоцна до утре, од притвор со одлука на судија од скопска единица ќе излезат Миле Јанскиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други познати политички и бизнис личности кои во последните два месеци по барање на СЈО завршија во затворот “Скопје”, објави во средата вечерта поратлот Судство.мк.
Причината за ваквата одлука, барем официјално, е тајна. Се претпоставува дека зад одлуката се крие политички договор меѓу власта и опозицијата, се наведува во информацијата на порталот.
Дел од роднините на притворените со кои контактирале од Судтво.мк ја потврдуваат веста и велат дека очекуваат повик кога да ги пречекаат блиските пред затворот во скопската населба Шуто Оризари.
Дел од нив се обвинети во случајот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, додека некои е обвинети за злосторничко здружување, оштетување и повластување доверители, злоупотреба на слубената положба, измама и перење пари. Во истрагата за „Империја“, осомничени се уште осум лица.
СЈО тврди дека нивните докази упатуваат на тоа дека осомничените во периодот од 2002 до 2013 година сториле кривични дела лично или преку фирмите кои ги поседуваат. Обвинителството најави проширување на истрагата за нови лица и за нови кривични дела.