Медиуми: Русите преку социјални мрежи поттикнувале на Брегзит

© AFP 2017 / Pool/ Stefan Rousseau

На руските акаунти на мигроблогот Twitter биле објавени речиси 45.000 пораки во рок од 48 часа во врска со референдумот за истапувањето на Велика Британија од Европската унија во јуни минатата 2016 година, за да се предизвика раздор меѓу Британците, околу ова прашањњ, тврди во средата весникот The Times.

Весникот се повикува на подоцатоците коишто ги собрале експертите во британскиот универзитет Свонси и Беркли во американската сојузна држава Калифорнија, а кои покажуваат дека наводно акаунтите во Русија твитале за Брегзитот со денови во пресрет на гласањето од 23-ти јуни 2016 година, а кои се објавени година и половина по референдумот.

Натаму The Times пишува дека речиси сите тие пораки ги повикувале Британците да излезат од Европската унија, иако се признава дека имало и такви коишто повикувале на останување.

Со истражувањето биле опфатени 156.252 акаунти во кои се споемнувал Брегзитот, вклушите но еден Svetal1972., кој поставил 92 твита во периодот меѓу 20-ти и 24-ти јуни, меѓу кои и оној во кој се повикувала Бротанија „23-ти јуни да го направи ден на независноста“. Истражувачите во овој проект наводно утврдиле дека „многу пораки“ доаѓале од автоматски сметки.

На реферемдумот 17,4 милиони гласачи или 51,9 отсто гласале за излегување на Обединетото кралство од Еу, а 16,1 милиони или 48,1 отсто за останување на Бриталнија во Унијата.

Русија од своја страна ги негираше обвинувањата за нејзиното вмешување во Брегзитот, и го обвинува Западот дека поттикнува антируска хистерија дека наводно Москва влијаела врз британскиот референдум и врз американските претседателски избори.

Во годишниот говор за надворешната политика, британската премиерка Тереза Меј жестоко ја критикуваше Русија, фактички почнувајќи го своето обраќање токму со оваа тема. Таа ја нападна Русија за наводното предизвикување на насилствата во Украина, за постојано кршење на воздушниот простор на неколку европски држави и за изведување кибернетички напади.

Покрај тоа, ја обвини Русија за мешање во избори и хакирање на данското министерство за одбрана, на германскиот парламент и на државните медиуми со уфрлање лажни стории и фотошопирани фотографии во „обид за поткопување на западните институции“.

Меј рече дека нејзината влада соработува во реформите на НАТО за полесно да се протистави на „руските предизвици“, и покренала воена и економска помош на Украина. „Ќе ги преземеме неопходните чекори за да одговориме на руските активности“, рече уште британската премиерка.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова реагирапе со соопштение во коешто ги нареше неодговорни и неосновани нарекувањата од страна на Меј Русија „светска закана“.

Како што забележува Захарово „идејата за заштита на светскиот поредол особено цинично звучи од устата на британски премиер“.

„Доволно е да се спомнат агрсивните дејствија на Британија во Ирак и во Либија, кои не доведоа до зајакнување на меѓународното право, туку до жртви и страдања на милиони луѓе и дестабилизирање на цели региони. Притоа Лондон демонстрира фундаментално несфаќање на процесите кои се одвиваат во светот и супштината на самиот меѓународен праен поредо, кој почива на Уставот на ОН кој Велика Британија се обврзала да го заштитутва“, заклучува Захарова.

Меѓутоа, повеќе европски медиуми за овој говор и обвинувања оценија дека всушнот британската влада го извлече така еден од најсилните свои адути во преговорите за нејзиното напуштање на Европската унија – соработката во областа на одбраната и безбедноста, надевајќи се дека со тоа ќе добие отстсапки во идните трговски и економски односи.