Исклучок од обврската за почитување на полицискиот час се и новинарите и медиумите, рече во одговор на новинарско прашање министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на својата денешна прес конференција.
Како што кажа таа денеска се дискутира начинот на кој тоа ќе биде најефикасно спроведено. Шекеринска појасни дека одлуките за категориите што ќе бидат изземени од полицискиот час ги носи главниот штаб во Владата.