![dzef bezos](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/dzef-bezos.jpg?resize=600%2C338&ssl=1)
Причината за разводот на основачот на најскапата светска компанија Amazon, воедно и најбогат човек на планетата Џеф Безос, е неговата врска со поранешната телевизиска водителка Лорен Санчез, пишува во четврокот порталот Page Six.
Претходно седмицава американските таблоиди објавија дека Џеф Безос и неговата сопруга Мекензи Татл Безос одлучиле да се разведат по 25 години брак. Двојката има три сина и посвоена ќерка.
Според таблоидот Enquirer, Безос бил во врска со Санчез од јуни минатата 2018 година, а двојката Безос беше откриена од папараците во септември истата година како ја одбележува годишнината од бракот во ноќен клуб во Мајами.
Новата двојка Безос – Санчез првпат во јавноста била забележана ланскиот октомври. Како што е објавено, по разводот на Санчез со нејзиниот поранешен сопруг Патрик Вајтсел, благодарејќи на кој таа и се запзнала со Безос, милијардерот и водителката започнале да комуницираат многу поблиско.
Новата двојка, исто така, била забележана и на церемонијата на доделувањата на филмските награди Златен глобус, какои и на забавата на Amazon којашто се случила истиот ден во Лос Анџелес