Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, рекол дека „легитимитетот на новите власти во Киев е ставен под знак прашање“.
Ова е досега најдиректна и најостра официјална порака од Русија од моментот кога е потпишан договорот меѓу украинскиот претседател Виктор Јанукович и претставниците на опозицијата, по што демонстрантите во целост на презеле контролата над Киев.
„Не разбираме што се случува таму. Постои голема закана за нашите интереси и закани за нашите граѓани, кои живеат таму. Ставен во прашање е легитимитетот на голем број органи кои се функционираат во Киев“, рекол Медведев.
Претходно, Русија го повлекла својот амбасадор од Киев.