На проширувањето на НАТО кон нејзините граници, Русија треба да одговори без емоции, со студена глава, но влегувањето на Финска и Шведска во Алијанската ќе доведе до тоа Балтикот да го загуби ненуклеарниот статус, изјави во вторникот Дмитриј Медведев, заменик претседател на рускиот Совет за безбедност.
„И како да реагираме на тоа? Одговорот е јасен: без емоции, со студена глава. Колку земји ќе има во НАТО, 30 или 31, во целина тоа не е толку важно за нас. Две помалку или повеќе, со нивното значење и популација нема поголема разлија“, пишува Медведев на својот Telegram канал.
Еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин го предупреди НАТО дека доколку Шведска и Финска му се приклучат на воениот пак под водство на САД, Русија ќе биде присилена да ја зајакне својата одбрана во регионот, вклучително и инсталирање на нуклеарно оружје.
Финска, којашто со Русија дел граница од околу 1.300 километри и со Москва последните децении имаше добра соработка поради нејзиниот воено неутрален статус иако е членка на Европската унија, како и Шведска разгледуваат дали ќе ѝ се приклучат на Алијансата. Финска најави дека за тоа ќе решава во следните неколку седмици откако по почетокот на војната на Украина значително пораснала поддршката за тоа во јавноста, објави премиерката Санна Марин во средата.
Медведев коментирајќи го амбициите на Финска и Шведска да влезат во НАТО, вели дека токолку тоа се оствари Русија ќе биде принудена да ги засили своите копнени, поморски и воздухопловни сили на Балтичкото Мора за да ја задржи воената рамнотеже.
„Секако, северозападните граници (на Русија) ќе треба да се зајакнат. Сериозно да се зајакне групацијата на копнените сили и воздшната одбрана, да се распоредат значителни поморски сили во Финскиот залив“, прецизира Медведев.
Вели и дека со влезот на двете држави во Алијансата, Русија би добила повеќе „официјални регистрирани противници“, и според него, Брисел е подготвен е да ги прифати многу брзо без премногу бирократија и процедури. Вели и дека САД се силно ангажирани во повикувањето на земјите од Северна Европа.
Медведев, исто така, смета дека „нема смисла да се зборива“ за влијаенито на руските воени дејствија во Украина врз намерите на двете земји да влезат во НАТО и смета дека секако тоа прашање ќе било поставени кога-тогаш.
„Прво, обидите да ги вовлечат во Алијанската беа правени и претходно. И, второ, главно е што немаме територијални спорови со вои земји, како со Украина. И затоа цената на таквото членство е рзлочна за нас“, вели Медведв.
Претходно шведскиот дневен весник Expressen, повикувајќи се на своите извори, тврдеше дека Финска изразила јасна желба двете земји заедно да побараат членство во НАТО. Во понеделникот британскиот весник The Times, објави дека Финска и Шведска имаат намера да се приклучат на Алијансата уште ова лето.
Медведев, кој беше претседател од 2008 до 2012 година, истакна дека со таквиот развој на настаните, должината на копнените граници на НАТО со Русија ќе се зголеми повеќе од двојно, и посочи дека не може да се зборува за Балтикот без нуклеарно оружје.
„Не може веќе да се зборива за каков и да е статус на Балтикот без нуклеарно оружје, рамноттежата мора повотрно да биде воспоставена. Доденес Рисија не презема такви мерки и нема тоа да го стори. Долоклу бидеме присилени… имајте на ум дека ние тоа не го предложивме“,.
„Русија вече има нуклеарно оружје во балтичкиот регион“, изјави во четвртокот за телвизијата BNS литванискиот министер за одбрана Арвидас Анасаускас, тврдејќи дека рускот нуклеарно оружје е распоредено од претходно во руската енклава Калингарад, меѓу Полска и Литванија.
„Во моментов руската закана изгледа доста чудно, кога знаеме дека дури и без постојната безбедносна ситуација, држата оружје на 100 километри од границата со Литванија. Во Калининград отсекогаш се наоѓа нуклеарно оружје… меѓународната заедница, земјите во регионот, совршено се свесни за тоаа. Тие го користа како закана“, рече Анасаускас.
Литванската премиерка Ингрида Симоните, исто така, во четвртокот рече дека руската заканата со зајакнување на војската, вклучително и со нуклеарно оружје, во балтичкиот регион не е „ништо ново“.