Медведев: Никој не се сомневаше дека САД ќе ѝ одобрат „помош“ на бандата неонацисти

Поранешниот руски претседател и премиер, сега потпретседател на националниот Совет за безбедност, Дмитриј Медвед, коментирајќи ја одлуката на САД да ѝ доделат дополнителна помош на Украина, во објава на платформата Telegram дека тоа било гласање за „максимизирање на бројот воени жртви“ и посака скора припаст на „империјата на злото“ на овој век.

Претходно во саботата вечерта Претставничкиот (долниот) дом на Конгресот на САД по двомесечното противење на републиканското мнозинство го изгласа пакетот воена помош за Украина, Израел и Тајван во вкупен износ од 94 милијарди долар. Од тоа 60,84 милијарди долари се наменети за Украина за војната против Русија, а во таа сума се вклучени 23 милијарди долари кои директно ќе одат во американската одбранбена индустрија за обновување на залихите на американското оружје.

Имајќи предвид дека сличен закон претходно беше изгласан во Сенатот, каде мнозинство имаат демократите на претседателот Џо Бајден кои го заговара овој пакет нова воена помош, јасно е дека тој ќе биде усвоен без проблеми.

„Никој не се сомневаше дека американските законодавци ќе одобрат ‘помош’ за бандата неонацисти. Тоа беше гласање за … а) За продолжување на граѓанската војна на поделениот народ на нашата претходно обединета земја; б) За максимално зголемување на бројот на жртвите во оваа војна“, напиша Медведев.

Медведев, кого порано на Западот го сметаа за посакуван либерален прозападно ориентирани руски челник но кој по почетокот на руската инвазија во Украина користи жестоко брутален и на моменти заканувачки речник.

Заменикот на претседателот на рускиот Совет за безбедност натаму во објaвата на Telegram вели дека решеноста на САД да ѝ доделат дополнителна помош на Украина и притоа разгледувајќи ја можноста на Киев да му бидат дадени и запленетите руски пари во американските банки, е „русофобна“ и предвидува и посакува Соединетите држави повторно дека влезат во граѓанска војна којашто ќе доведе до распад на „Империјата на злото на XXI век“.

„Но, земајќи ја предвид донесената русофобна одлука не можам со сета искреност а да не им посакам на САД да се втурнат во нова граѓанска војна што е можно поскоро… што конечно ќе доведе до неславен распад на гнасната Империја на злото на XXI век – Соединетите држави на Америка“, заклучува Медведев.

Истовремено западните новинари побараа коментар и од Кремљ, чиј портпарол Дмитриј Песков, вечерва по повод одобрувањето на воената помош за Украина од Претставничкиот дом, изјави дека овој закон ќе ги направи САД уште побогати и истовремено „уште повеќе ќе ја уништи“ Украина, јавија светските агенции.

„Уште повеќе Украинци ќе загинат поради режимот во Киев“, рече Песков.

Според него, легислативата што ќе и овозможи на американската Влада да ги одмрзне руските средства во корист на обновата на Украина, „ќе предизвика непоправлива штета на американскиот имиџ“. Во исто време, Русија ќе одговори со мерки од гледна точка на сопствениот интерес“, додаде портпаролот на Кремљ.