Медведев: Секое задирање во Крим ќе биде објавување војна на Русија

Поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев објави во понеделникот дека секое задирање некои земји членки на НАТО на црноморскиот полуостров Крим ќе претставува објавување војна на Русија, што може да доведе до трета светски војна.

„За нас Крим е дел од Русија. А тоа значи засекогаш. Секој обид за задирање во Крим е објава на војна на нашата земја“, рече Медведев за информативниот портал Аргументи и Факти,

„А доколку тоа го стори држава членка на НАТО, тоа значи судир со целиот Североатлантски сојуз. Трета свеска војна. Целосна катастрофа“, предупреди Медведев, кој се га е потпретседател на рускиот Совет за национална безбедност.

Доминантно рускиот црноморски полуостров Крим кој по превратот во Киев во март 2014 година со два референдума со огромно мнозинство гласови над 90 отсто прво ја врати автономијата укината во 1991 година со осамостојувањето на Украина од Советскиот сојуз, а со вториот реши да се присоедини во составот на Руската Федерација од која е издвоен и припоен на Украина во 1954 година во времето на СССР. Украина и Западот тоа не го прифаќаат и сметаат дека станува збор за нелегална руска анексија на украинска територија.

Додаде и дека Русија, доколку Финска и Шведска влезат во НАТО, ќе ги зајакне своите граници и ќе биде „подготвена на чекори за одговор“, а тоа би ја вклучувала можноста разместување на хиперсоничните ракети „Искандер-М“ на „нивниот праг“.

По почетокот на војната во Украина, Шведска и Финска, кои долги години активно учествуваа на воени маневри со членките на НАТО и покрај воената неутралност, ја искористија војната во Украина и поради „руската закана“ веднаш да побараа итен прием во Северноатлантскиот воен сојуз. Но нивните кандидатури наидоа на спротиставување од страна на Турција.

„Искандер-М“, мобилен балистички ракетен систем со кодно име на НАТЅО „SS-26 Stone“, го замени советскиот проектил Scud. Неговите две наведувани ракети имаат дострел до 500 километри и можат да носат конвенционални или нуклеарни боеви глави.