Демократската унија за интергација (ДУИ) не може да биде обвинета за бојкот на изборниот прецес и токму таа ја напривива разликата меѓу кандидатот кој заедно со СДСМ го поддржа оваа партија, Стево Пендаровски пред кандидатката поддржана од опозицијата Гордана Силјановска Давкова, рече во понеделникот Изет Меџити, шеф на изборниот штаб на ДУИ за поддршка на претседателскиот кандидат на владејачките партии.
Поранешниот градоначалник на скопската општина Чаир во три мандата е убеден дека тесната разлика со којашто Пендаровски е во водство пред Силјановска Давкова, ја направил ДУИ и уверува дека тоа ќе го стори и во вториот изборен круг на 5-ти мај.
ДУИ го поддржа Пендаровски, а гласовите на ДУИ се одлучувачки за победата на Пендаровски во првиот круг. Сега е многу јасно дека Алијансата за Албанците и г-дин (Блерим) Река излегоа со кандидат на овие избори само да за да им се помогне на Силјановска и на ВМРО-ДПМНЕ на сцената, вели Меџити, пренесува порталот Фактор.
Според Меџити, дали ДУИ ја изгубил легитимноста кај Албанците не може да се каже на претседателските избори, затоа што, според него, тие не се релевантни за мерење на такво нешто. Тој додава дека на локалните избори во Дебар, каде што ДУИ иако тесно победи уште во првиот круг, беше докажано која политичка опција ужива легитимитет кај Албанците.