Се разоткрива логистичката мрежа и излегува на виделина вистината за шарената револуција, која всушност е скапо платен проект зад кој стојат милиони кој се сливале на приватни сметки, а за возрат токму тие лица се во првите редови и ударна тупаница на СДСМ ширејќи тези за наводно непостоење на слобода, недостаток на демократија, со цел рушење на легитимно избрана влада.
Парите на СОРОС кој што дејствува како продолжена рака на СДСМ откако ќе се свртат преку невладини организации кои што служат како клон организации завршуваат на стотици приватни сметки на личности кои што во моментов најгласни на улиците создавајќи секојдневно нереди. Па така, на платниот список на соросовите организации се наоѓаат новинари, јавни личности, актери, професори, самопрогласени граѓански активисти, пратеници, адвокати, судии, политичари, аналитичари кои наголемо сакаат да креираат една искривена слика за реалноста влечејќи го општеството во уште поголема криза.
Нетпрес истражувајќи дојде до фрапантни податоци кој што говорат дека само во последните две години на приватните жиро сметки на голем број на јавни личности завршиле неколку милиони денари.
За потсетување, според официјалните податоци само последната година СОРОС има буџет од 5милиони и 300 илјади евра, а, неофицијално, дел од овие пари се префрлани на речиси анонимни и фантомски организации кои што служат како бројка но и како пирамидална мрежа преку која се плаѓаат токму најгласните фарбачи на шарената револуција на СДСМ.
Вкупно 77 организации ја сочинуваат мрежата на СОРОС и платформата Граѓаните МК. Според податоците до кои дојдовме, ова е искористено и како база на иницијативата „Протестирам“ но и тоа се истите невладини организации со кој Заев и СДСМ потпиша платформа за соработка и кои активно ги протежира при преговорите за надминување на кризата како спотер организации кои треба да бидат негов инструмент
Иако дојдовме…