Механџиски: Во се` сме на последно место, власта погреши што не дозволи фармацевските компании да преговараат во набавката на вакцини

Не сме само во вакцините на последно место, во се сме. Ги гледате светските статистички податоци, не сакам да споменувам во која област, секој пат сме на најниското место што можеме да го достигнеме, истакна Благоја Механџиски, сопственик на „Зегин“ во интервју за „Трилинг“.

Механџиски додаде дека власта лошо настапи со тоа што не дозволи фармацевските компании да преговараат во набавката на вакцини против КОВИД-19.

Власта треба да знае дека не се набавуваат само лекови директно преку фабриката има и други веледрогерии. Ние не знаеме да градиме за перспектива било тоа да е економијата, дали е во здравството, дали е тоа некои инвестициони зафати. Ние сега добиваме нешто многу тенко, што е тоа 1.000 да добиеме вакцини, рече Механџиски.

Механџиски посочи дека Македонија има доста слаб тим на ниво на министерството за здравство.

-Министерството не може да направи агенда, индекс за работите како ќе се движат во државата со КОВИД-19. Ние живееме од едно јавување на министерот на телевизија до друго. И сето тоа јавување се базира има, нема, ќе има, појасни Механџиски.

Механџиски рече дека на запад тоа не е така, ако некој од власта потфрли јавноста веднаш го критикува и бара одговорност, кај нас за жал не е така.