![zaev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/zaev-3.jpg?resize=696%2C402&ssl=1)
Аналитичарот Ким Мехмети вели дека следуваат промени на македонската политичка сцена во интервју за Телевизијата 24. Кај Македонците убедливо ќе победи ВМРО-ДПМНЕ поради промената на името, истакна тој, додавајќи дека Заев ја изгуби довербата и кај албанските гласачи.
Според него Мехмети, коалицијата со БЕСА ќе биде причината Заев да загуби наместо да му донесе гласови на СДСМ и Заев.
„Јас мислам дека и во македонскиот блок ќе има промени. За мене без дилеми кај Македонците гласачи ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Заев успеа да победи со албанските гласови, да бидеме фер, и всушност и не ја победи ВМРО-ДПМНЕ, туку успеа да направи Влада со тоа што не ѝ дозволија на ВМРО-ДПМНЕ да направи Влада. Сега мислам дека и поради името СДСМ ќе стагнира и мислам дека и кај Албанците, Заев треба да заборави дека ќе добие онолку гласови коолку што доби. Оти за да гласаат Албанците за СДСМ, најмногу придонесе ДУИ бидејќи Албанците се заситија да даваат гласови на Албанските партии коишто подоцна ги префрлуваат кај македонска партија. БЕСА не е албанска партија, дури ја сметам дека поради таа коалиција доста ќе изгуби албански гласови Заев бидејќи таа коалиција со БЕСА која ги има само печатите на БЕСА и ништо друго од БЕСА таа впрочем сруши еден голем концепт политички. Беса доби 7 пратеници, 2 им зема ДУИ. И сега како Албанците ќе веруваат кога само рушите, и има шпекулации дека БЕСА отиде кај Заев по налог на ДУИ. Бидејќи оваа сегашна БЕСА, кланот од Лулареце, ѝ служи на ДУИ и тие се испратени во СДСМ за одпадокот од ДУИ што гласаа за СДСМ повторно да ги ловат. Затоа што ете ќе гласале за БЕСА, но мислам дека тоа нема да запали“. оцени Мехмети.