Британската премиерка Тереза Меј нема да побара од Европската унија подолго одложување на процесот на истапување на Обединетото Кралство, пишува во средата јавниот сервис BBC.
Претходно во вторникот BBC објави дека британската премиерка Тереза Меј во писмо од Европската унија ќе побара продолжување на брегизитот до крајот на јунио, со можниост за продолжување на одложувањето до две години.
И BBC и Sky News во средата, пак, објавија дека Меј во писмото до челниците во Брисел ќе побара покусо одложување на раздружувањето. Засега важечкиот датум на кој Велика Британија ќе ја напушти Европската унија е ноќта на 29-ти март, со или без договор.
Главниот преговарач за брегзитот на ЕУ, Мишел Барние, во вторникот порача дека одложувањето мора да биде поврзани со нешто ново и мора да се осигури дека на крајот од можното одложување нема да доведе до сегашната ситуација кога речиси ништо во врска со брегзитот не е јасно.
„Подолгото одложување мора да биде поврзано со нешто ново, новите настани, со нов политички процес“, рече во вторникот Барние по состанокот на Советот за општи работи кој ја разгледуваше ситуацијата околу брегзитот.
Излегувањето на Велика Британија ќе доминира на дводневниот самит на ЕУ, кој започнува во четврток во Брисел. Планот на британската премиерк Терезе Меј дека до почетокот на состанокот на врвот и по третпат ќе го стави на гласање договорот кој го испреговара со ЕУ и кој досега двапати беше отфрлен во британскиот парламент, е доведен во прашање кога претседателот на Долниот дом, Џон Беркоу во понеделникот рече дека не е можно да се стави договорот на повторно гласање, доколку нема поголема промена во неговата содржина.
Меј по третото гласање планира да дојде на самитот на ЕУ со барањето да се одложи брегзитот. Доколку овој договор добие зелено светло во третото гласање а сега не е познато дали воопшто и ќе се случи, Меј би побарала техничко продолжување до 30-ти јуни за да се добие во време за усвојување на потребното законодавство за спроведување на договорот. Доколку, пак, договорот повторно биде одбиен, би побарала одложување на подолг период.
Во ЕУ истакнуваат дека нема никакви изгледи за повторно отворање на преговорите и очекуваат дека премиерката Меј ќе дојде во Брисел со јасен план што сака. Неколку министри за европски раборит, кои се собраа на Советот за општи услови, истакнаа дека Велика Британија мора да се изјасни што навистина сака, бидејќи не е доволно да се изгласа во парламентот дека не се сака излегување без договор.
Исклучувањето на излегувањето без договор може да значи само или дека веќе двапати одбиениот договор за раздружување сепак ќе бидат прифатени, штое многу малку веројатно, или одложување на излегувањето. А секое одложување потребна е согласноста на сите 27 емји членки, а од ЕУ постојано истакнаа дека мора да постои добро образложена причина зошто и во кои цели се бара одложувањето за да може да биде одобрено.
Работата дополнително ја компликува фактот дека се приближуваат изборите за Европскиот парламент, во мај. Одложувањето за излегувањето до конституирањето на новиот состав на Европскиот парламент на почетокот од јуни не би требало да претставува проблем, но прашање е пто моќе во трите дополнителни месеца да се постигне доколку Велика Британија не ја промени насоката по пршањато на излегувањето. Од друга страна, пак, подолгото одложување повлекува со семе дека во Велика Британија мора да се одржат европските ибори, што е тешко замисливо во земјата којашто пред три години изгласа дека сака да излезе од ЕУ.
Во ЕУ не сакаат сценарио во коешто Велика Британија е со едната нога надвор, а истовремено учествува во преговорите за новиот седумгодишен буџет и за иборот за новите челници на институциите на Унијата. Доколку не биде бишто сторено до 29-ти март, Велика Британија ноќта од 29-ти кон 30-ти март ќе стане трета страна, но во Лондон и Брисел не посакуваат неуредно излегување. Теоретски е можно евентуалното британско барање за одложување да биде разгледано и само еден час пред предвиденото излегување.