Меј планира на лабуристите да им понуди брегзит со царински договор

Владата на британската премиерка Тереза Меј планира во законот за брегзитот да го додаде царинскиот договор со Европската унија, за да ја придобие опозициската Лабуристичка партија да го поддржи истапувањето на Обединетото Кралство, пишува дневниот весник The Sunday Times.

Според новиот план, премиерката би понудила измена на законот за напуштање на Унијата за да се опфати царинскиот договор, пишува весникот.

Колку подолго трае трагањето по компромисот со опозициската Лабуристичката парија за да се обезбеди парламентарното мнозинство за прифаќање на договорот испреговаран со ЕУ, толку помалку веројатно ќе биде Велика Британија да ја напушти Европската унија, рече британската премиерка Тереза Меј во саботата.

„Обединетото Кралство е во сѐ поголема опасност никогаш да не излезе од ЕУ, колку подолго ова ќе потрае“, порача Меј.

Меј досега не успеваше да обезбеди мнозинска поддршка за нејзиниот договор со Брисел кој го одбија голем број од нејзините сопартијци од Конзервативната партија, како и малата северноирска Демократска унионистичка партија која ја поддржува нејзината малцинска влада. Поради тоа, се сврти кон опозициската Лабуристичка партија за да обезбеди мнозинство за договорот за брегзитот, но нивниот челник Џереми Корбин во сабоата порача дека од Меј очекува да се откаже од своите услови.

„Факт е дека околу некои работи за брегзитот двете водечки партии не се согласуваат: и едните и другите сакаме да ставиме крај на слободата на движењето, да излеземе од ЕУ со добар договор и заштита на работните места. Тоа е темелот на компромисот кој може да обезбеди мнозинство во парламентот, а осигурувањето на мнозинството е единствен начин за остварување на брегзитот“, рече Меј во изјавата што ја објави нејзиниот кабинет.

Во написот на весникот The Sunday Telegraph се пренесува пораката на Андреа Лидсом, челничка на Долниот дом на британскиот парламент која напиша дека повторното јавно гласање за членството на Велика Британија во Европската унија би претставувало „конечно предавство“.

„Вториот референдум би бил конечно предавство. Би изискувал долготрајно одложување, а имајќи преглед дека Парламентот досега не успеа да ги почитува резултатите од првиот, немаме причина да веруваме дека би го почитувал и вториот референдум. Визијата коајшто ја имавме за брегзитот исчезнува и ни снемува време да ја спасиме“, напиша Линдсом, која е поборничка за британското излегување од ЕУ.