Мекејлеб конечно победи

Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб со својот Фенербахче конечно стигнаа до својата прва победа во Топ 16 фазата од Евролигата. Турскиот тим славеше над лидерот во групата Панатинаикос со 77:72.

Пресуднозапобедата беше првата четвртина која Турците ја добија со 12 поени разлика, а потоа ја одржуваа предноста и покрај тоа што Панатинаикос имаше можност во финишот да дојде и до пресврт. За Грците ова е прв пораз во оваа фаза од Евролигата.

Мекејлеб за 31 минута на паркетот постигна 10 поени, дополнети со седум скока и две асистенции. Најефикасен во тимот на Фенербахче беше Богдановиќ со 15 поени, а Бјелица и Клеиза завршија со 13 поени.

Реал (Мадрид) пак го претрпепрвиотпоразсезонава, и тоа на гостувањето во Москва против ЦСКА со 85:71. Ненад Крстиќ со 18 поени беше најефикасен во победничкиот тим, а Серхио Родригез постигна 19 во дресот на „кралскиот клуб“.