Македонскиот кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб со својот Фенербахче забележа лесна и убедлива победа над Анадолу Ефес од 84:65 во Евролигата. Мекејлеб имаше многу мала улога во овој триумф. Тој постигна скромни два поени на овој меч, но и не доби преголема минутажа, со оглед дека играше само девет минути.
Шпанскиот кошаркар во Барселона, Хуан Карлос Наваро, стана првиот кошаркар во Евролигата кој успеал да постигна 500 тројки во ова натпреварување. Тој уфрли 25 поени во поразот на Барселона на домашен терен од Лаборал (86:97), но немаше во тимот доволно расположени соиграчи. Во редовите на Лаборал блескаше Андрес Ночиони, кој беше стрелец на 37 кошеви.
Олимпијакос успеа да го порази големиот грчки ривал Панатинаикос (68:65).
Локомотив Кубан на домашен терен го совлада Баерн Минхен со 84:75, а беше носен на крилјата на Дерик Браун и на Крунослав Симон, кои беа стрелци на 18 поени.ЦСКА Москва во Тел Авив беше подобра од Макаби и славеше со 76:81.