
Јирген Клоп според многумина во моментов е еден од најдобрите, ако не и најдобар светски тренер.
Германецот успеа да го направи тоа кои многу трнери пред него не успеаја, да го врати Ливерпул во врвот на Премиер лигата, а годинава веројатно по 30 години чекање ќе биде освоена и титулата во англискиот шампионат.
– Можам да замислам како се враќа во Германија и го презема Баерн. Начинот на кој се води тој клуб и начинот на кој на него гледаат германските тренери ми кажува дека неговото заминување таму е реално. Баерн сега има одлични играчи, искусни, но и млади и талентирани, -изјави Мекманаман.
Како и да е, овие зборови на Мекманаман барем во моментов изгледаат како „невозможна мисија“ со оглед на фактот што Клоп многупати потврдуваше дека е среќен в Ливерпул, а од неодамна Баерн Минхен му понуди тригодишен договор на Ханси Флик кој откако седна на клупата на „баварците“ има само позитивни резултати.