Мексико ја прегази Франција, Шпанија без решение со Египет (ВИДЕО)

17

На Летните Олимписки Игри во Токио започна и машкиот турнир во фудбал, а првите натпревари донесоа неколку изненадувачки резултати.

Репрезентацијата на Шпанија не успеа да ја оправда фаворитската улога против Египет и одигра без победник (0-0) на средбата во Сапоро. Ова беше тврд дуел во кој најблиску до гол беше Себалјос кој во првото полувреме ја погоди стативата на „фараоните“.

Во истиот овој дел токму Себалјос како и Мингеза мораа да го напуштат теренот поради повреди,  а тоа дефинитивно влијаше врз играта и концепцијата на селекторот Де Ла Фуенте. Шпанците имаа иницијатива, меѓутоа фалеа конретни шанси и тоа ќе мора да го поправат за следниот меч против Австралија.

На дуелот пак од групата А, Мексико ја прегази Франција со 4-1. Интересно мрежите мируваа во првото полувреме за да во вторите 45 минути Вега, Кордова, Антуна и Агире погодок за Мексиканците, додека на другата страна од пенал биде прецизен ветеранот Жињак.

Останати досегашни резултати:

Брегот на Слоновата Коска-Саудиска Арабија 2-1

Нов Зеланд-Јужна Кореја 1-0

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.