Мексико ќе се жали во ОН поради платени вакцини кои не ги добил

Мексико ќе поднесе жалба во Обединетите нации бидејќи не му се испорачани платените дози вакцини против Covid-19, најави во понеделникот мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обврадор.

Мексиканскиот претседател рече дека на Мексико му се должат 75 милиони долари за вакцините против Covid-19 кои требало да ги добие преку програмата COVAX, воспоставена под Светската здравствена организација (СЗО – WHO) со којашто требаше вакцините праведно да бидат распределени ширум светот и да ги заштитат посиромашните земји од богатите.

„Ќе поднесеме жалба, бидејќи не ги доставија вакцините преку телото воспоставени од ОН. Се обидовме да постигнеме договор, бевме толерантни бидејќи станува збор за меѓународно тело“, рече Обрадор.

Притоа истакнува дека Мексико ги платил тие дози една година однапред.

Мексико нарачал повеќе од 51,5 милиони дози од вакцините, но според податоците на самите ОН досега добил само 24,6 милиони дози.