![evo morales](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/evo-morales-3.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Мексиканските власти донеле одлука да му дадат политички азил на Ево Моралес, кој во неделата се повлече од фунцкијата претседател на Боливија, поради заканата по неговиот живот, соопшти во понеделникот ноќта по средноевропско време министерот за надворешни работи на Мексико, Марсело Ебрард.
„Мексиканското министерство за надворешни работи…. одлучи да му обезбеди политички азил на г-дин Ево Моралес од хуманитарни причини“, изјави Ебрард на прес-конференција.
Шефот на мексиканската дипломатија рече дека Мексико го дал предлогот од хуманитарни причини.
„Штотуку го добив повикот од претседателот Моралес. Тој одговори на нашиот предлог и побра усно и формален политички азил во нашата земја“, рече Ебрард пред новинарите.
Тој претходно во понеделникот рече дека Мексико е подготвен да му обезбеди прибежиште на Моралес на територијата на својата дипломатска мисија во Ла Паз, каде што веќе се засолнати 20 боливиски функционери и пратеници
Според Ебрард, во согласност со законот и според одлуката на секретаријатот на владата и министерката Олга Санчез Кордеро, Министерството за надворешни работи одлучило да му осигури на Моралес политички азил од хуманитарни причини и поради вонредната состојба во Боливија, каде што има закани по неговите живот и здравје.
Ебрард побара поддршка од Сенатот за оваа одлука и рече дека мексиканската влада апелира до боливиското министерство за надворешни работи, според меѓународното право, на Моралес да му се додели заштита и да му бидат дадени гаранции дека животот, здравјето и слободата на поранешниот претседател нема да бидат загрозени.
„За оваа одлука ги информиравме Организацијата на американските држава (OAS) и Обединетите нации. Повикуваме во согласноста со меѓународните договори и повелби, меѓународна заштита на животот, слободата и здравјето на Ево Моралес“, додаде Ебрард.
Самиот Моралес уште еднаш ги повика Боливијците да не подлегнуваат на провокации и да престанат со насилствата.
„Го молам мојот народ да го сочува мирот и да не врши насилства под влијание на одредени групи кои сакаат да го урнисаат владеењето на правото“, напиша Моралес на Twitter повикувајќи ги сонародниците сите несогласувања да ги решат преку дијалог.
Довчерашниот боливиски претседател Ево Моралес кој на власт беше до 2006 година а се повлече од должноста под притисокот на протестите со кои се оспоруваше неговата победа во првиот изборен круг во октомври, објави дека имало обид за негово апсење.
Малку претходно министерката за здравство, Габриела Монтањо, изјави дека боливиската полиција има намера да го уапси досегашниот претседател Ево Моралес. Тоа подоцна го потврди и челникот на опозицијата, Луси Фернандо Камачо.
Во меѓувреме американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е адоволен од присилната оставка на Моралес во која гледа „силно преупредување“ уаптено на „незаконските режими“ во Латинска америка, притоа фалејќи ја боливиската армија која откако претседателот распишан поворени претседателски избори бараше од него да се повлече од должноста што тој го стори во неделата со образложение дека сака мирна разрешница на кризата во земјата.
„САД ги пофалуваат боливискиот народ поради тоа што бара слобода и боливиската војска поради тоа што ја почитуваше својата заклетва дека нема да штити само поединиц, туку боливискиот устав. Овие настани се силен знак за предупредување за незаконските режимјик ов Внецуела и во Никарагва дека демократијата и волјата на нарадоот секогаш победуваат“, наведува Трамп во писмена изјава.
Вашингтон во понеделникот го повика боливискиот парламент „час поскоро“ да одржи седница и официјално да ја прифати оставката на претседателот Ево Морелс и да почне транзиција која ќе ја водат граѓански лица за да се исполни полтичкиот вакуум во земјата.
Висок финцкионер на Стејт департментот изјави дека Вашингтон смета оти заминувањето на Моралес не е државен удар, како што тврдат Моралес, Мексико и Русија. „Неговото заминување последица на протестите кои покаќаа дека на боливискиот народ му прекипе поради тоа што владата ја пренабрегнува волјата на своите гласачи“, рекоч а Reuters функционер кој сакал да остане анонимен.
Боливија во моментов нема водство, бидејќи покрај Моралес оставки поднесоа и оние кои можеа според функциите да го заменат. Втората потпретседателката на боливискиот Сенат, опозициската челничка Жанин Ањез, која би била следна по уставот за преземање на претседателската должност, најави во понеделникот дека распишување претседателски избори за на 22-и јануари да имаме изнран претседател“. „Ќе рапишеме избори со квалитетни луѓе кои ќе го водат изборниот процес кој ќе каже што Боливијците сакаат“, рече по доаѓањето во парламентот.